Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, во своето прво јавно обраќање за војната во Украина, оцени дека конфликтот е последица на политички неуспех.

Според германските медиуми, Шредер на конференција во Турција истакнал дека конфликтот е последица на тоа што по Студената војна не била воспоставена соодветна безбедносна архитектура.

Не воспоставивме безбедносна архитектура која ќе ја земе предвид променетата ситуација по падот на Берлинскиот ѕид – изјавил Шредер.

Тој истакнал дека Европа ќе се соочува со големи предизвици, како последица на руската војна во Украина.

Националниот суверенитет долго време е илузија – вели поранешниот германски канцелар, посочувајќи на предизвиците како што се миграцијата, безбедносните закани и глобализацијата.

Шредер вели дека Европа, како последица на војната, ќе ги прошири своите капацитети и одбранбени потенцијали.

Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, и во ЕУ и во НАТО – вели Шредер.

Сепак, Шредер прачува дека Европа во својот развој не треба да се ограничува само на војската.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.