Потпретседателот на Турција Фуат Октај рече дека „експлозијата најверојатно се случила по активирањето на бомба од бомбаш самоубиец и дека во овој момент властите веруваат дека се работи за женско лице“.

Шест лица ги загубија животите, а најмалку 81 лице е повредено, од кои две се во тешка состојба, објави Октај.

Потпретседателот рече дека обвинителите се на терен и дека истрагата се уште е во тек.

Кој стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет. Ова веќе не е стара Турција и тоа треба сите да го знаат. Овој инцидент ќе го решиме многу брзо, кој и да стои зад него ќе одговара, рече потпретседателот.

Силна експлозија одекна денеска околу 14:20 часот на популарната пешачка авенија Истиклал на Таксим.

Меѓу повредените има и српска државјанка од Ниш, која била во Истанбул како туристка, дознава Телеграф.

Таа е во стабилна состојба, но ќе биде оперирана, бидејќи шрапнели ѝ го повредиле рамото.

До овој момент македонски државјани не побарале помош во Амбасадата, соопшти МНР.

Претходно за оваа експлозија зборуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.