Има сѐ повеќе знаци за планиран напад на двата гасоводи Северен тек. Според информациите на Шпигл, на тоа САД веќе укажувале летово.
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) пред неколку недели ја предупредила Германија за можни напади врз гасоводи во Балтичко Море, објави денеска германскиот магазин Шпигл, откако беше објавено дека истекува гас од руските гасоводи кон Германија.
Германската влада летово добила дојава од ЦИА, објави Шпигл, цитирајќи неименувани извори, и додаде дека Берлин претпоставува дека бил планиран напад на гасоводите Северен тек 1 и 2.
Портпаролот на германската влада одби да коментира, додаде Шпигл.
Шведските поморски власти денеска објавија предупредување за истекување на рускиот гас од гасоводот Северен тек 1 во шведските и данските територијални води, набргу откако беше откриено дека гас истекува и од Северен тек 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.