Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повика зборовите на рускиот претседател Владимир Путин да се сфатат сериозно.

– Мора сериозно да ги сфатите неговите зборови. Да ги сфатиш неговите зборови сериозно, да не ги отфрлиш како блеф, туку да ги сфатиш сериозно, во никој случај не е знак на слабост, туку знак на политичка мудрост – што помага да се задржи простор за маневрирање – рече Меркел.

Потсетуваме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија со сите средства ќе ја брани својата територија.

– Западот почна да уценува на нуклеарно поле и да се заканува дека ќе користи оружје за масовно уништување против Русија. Русија, како и досега, ќе ги спречи сите оние кои се стремат да владеат со светот, кои се закануваат да предизвикаат распад и ропство на државата. Западот ја помина секоја граница, неодговорни политичари зборуваат за испораки на офанзивно оружје за Украина, се вршат напади врз Русија. Доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства. Тоа не е блеф – рече тој, пренесе Новости.рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.