Европските лидери и во иднина ќе продолжат да работат добро со американскиот претседател, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој додаде дека ЕУ мора да остане силна во услови на конфликти во Европа и на Блискиот Исток.

Ќе продолжиме да работиме добро со следниот американски претседател. Прашањето како тоа може да се постигне беше тема на нашата дискусија, рече тој по состанокот со другите европски лидери во Будимпешта.

Едно е јасно. Заедно, како Европска унија и како Европејци, мора да го направиме она што е неопходно за нашата безбедност, рече германскиот лидер откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.