Германскиот канцелар, Олаф Шолц, повторно ја бранеше одлуката на САД за испорака на контроверзна касетна муниција на Украина, но во исто време ја истакна важноста на меѓународниот договор за забрана на овој вид муниција.

 Американската влада донесе одлука што не е наша, туку ја донесе суверено. Во спротивно, САД можеби нема да можат да обезбедат доволно муниција за Украина, која се бори против руската инвазија, изјави Шолц.

Тој, сепак, изјави дека меѓународната Конвенција за касетна муниција, на која Германија е потписник, е „од големо значење“ и оти тој е многу загрижен за потенцијалното влијание на неексплодираните касетни бомби врз цивилите долго по завршувањето на војната.

Речиси 80 години по крајот на Втората светска војна, предупредувањата за неексплодирани бомби остануваат релативно чести во Германија. И затоа е многу оправдана загриженоста што ја истакнуваме со оваа конвенција. И јас исто така сум посветен на тоа, рече Шолц.

САД, Украина и Русија ја немаат потпишано конвенцијата, со која се бара да се забрани касетната муниција. Оружјето се бомби што се распрснуваат над целта, расфрлајќи голем број помали експлозиви. Голем дел не се детонираат, но остануваат како закана со години во иднината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.