Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нагласи дека е во интерес на Германија и Европа останатите земји од Балканот да се приклучат на Европската Унија.
Говорејќи во Парламентот пред еднодневниот самит на 27-члената Унија во Брисел, Шолц го поздрави оживувањето на разговорите за пристап во ЕУ со шесте земји од Западен Балкан во последните месеци и вчерашната одлука да и се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина.
Во наш германски и наш европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската Унија, рече тој пред пратениците во Берлин.
Шолц, исто така, ја пофали одлуката да и се дозволи на Хрватска да се приклучи на Шенген зоната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.