Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија ќе може да се „соочи“ со претстојната зима и да обезбеди снабдување со енергија и покрај стопираната испорака на руски гас.
– Русија не е сигурен снабдувач со енергија … Сојузната Влада од почетокот на годината се подготвува за таква можност, посочи Шолц.
Тој додаде дека „благодарение на диверзификацијата на извори на снабдување и полнење на резервите на гас“, Германија сега е во позиција да се соочи со проблемот на продолжен прекин на испорака на руски гас преку гасоводот Северен поток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.