Украинскиот град Ирпин, како и претходно Буча, стана симбол на „суровоста на руската војна“ во Украина и нејзиното бесмислено насилство, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц за време на посетата на предградието на Киев и додаде дека војната мора да заврши.

Ирпин, како и Буча, стана симбол на незамисливата суровост на руската војна, бесмисленото насилство. Бруталното уништување на овој град е предупредување: оваа војна мора да заврши, напиша тој на Твитер.

Шолц денеска е во посета на Украина заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.