Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запрат испораките на руски гас, изјави канцеларот Олаф Шолц, додавајќи дека земјата би можела да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испорака од Норвешка или Холандија.

Владата рано презеде мерки на претпазливост против таква криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас. Дури и ако стане тесно, веројатно ќе ја преживееме зимата, рече Шолц на соброт во градското собрание на Есен.

Шолц ja повтори и својата поддршка за изградба на гасовод од Шпанија преку Франција до остатокот од Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.