Германскиот канцелар Олаф Шолц е позитивен на тест за ковид по враќањето од посетата на Блискиот Исток, соопшти денеска владиниот портпарол.

Германскиот лидер имал „благи симптоми“ на настинка, а откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот, замина во изолација во неговиот апартман во владата, рече Штефен Хебештрајт.

Неговите состаноци закажани за следните неколку дена ќе се одржат виртуелно, додаде портпаролот.

Шолц е позитивен на коронавирусот откако се врати од кусата турнеја овој викенд во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, чија цел беше да се најдат нови извори за снабдување со енергија за Германија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.