Германија не смее да ја остави Украина на цедило и мора да ѝ испорача повеќе оружје, изјави министерот за економија и вицеканцелар од Партијата на зелените, Роберт Хабек.

Канцеларот Олаф Шолц е под зголемен притисок, надворешен и внатрешен, порешително да ја поддржи Украина во нејзината одбрана од Русија.

Мораме да испратиме повеќе оружје. Не можеме да ја оставиме Украина на цедило. Таа се бори и за нас. Украина не смее да загуби, Путин не смее да победи – изјави Хабек за весникот на групата „Функе“.

Германија веќе испрати оружје, но Киев бара тешко оружје, тенкови, артилерија и системи за противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.