Германија има добри шанси успешно да ја преброди зимата и покрај намалениот проток на гас од Русија, благодарение на мерките кои вклучуваат продолжување на животниот век на две нуклеарни централи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Капацитетот за складирање гас во Германија е поголем отколку во ова време минатата година и ќе продолжи да се надополнува пред зимата, рече Шолц во говорот во Синдикатот на германските работодавачи, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, германскиот канцелар изјави дека федералната влада планира пакет помош за граѓаните, истакнувајќи дека „никој нема да остане сам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.