Украина де факто е управувана од шефот на кабинетот на Владимир Зеленски, пишува „Тајмс“, повикувајќи се на изјавите на неколку украински функционери за растечката моќ на Андреј Јермак.
Овој 52-годишен маж претходно беше опишан како „десна рака на Зеленски“ и „вистински моќник во Украина“, но, како што велат изворите на „Тајмс“, оттогаш станал повеќе од тоа.
-Авторитетот на Јермак го надмина оној на сите избрани украински функционери. Некои извори отидоа дотаму што во серија интервјуа го опишаа како „дефакто шеф на државата“ или „потпретседател на Украина“ – пишува во текстот чиј автор е Максим Такер.
Такер, кој претходно работеше како активист на Амнести интернешенел во Украина, рече дека разговарал со „владини, воени, органи за спроведување на законот и дипломатски извори“, од кои многумина побарале анонимност. Тој го опиша Јермак како „најголемата мана на Зеленски“, а неговото однесување како „жед за моќ“.
-Постои зголемена загриженост дека Зеленски се потпира на неколку домашни миленици- истакна Такер, наведувајќи дека тимот на Јермак станува се поголем.
Според Дарија Калењук, извршен директор на Акциониот центар за борба против корупцијата, „голема грешка на Зеленски е што му доверил толку многу овластувања на Јермак, кој очигледно е опиен со моќ“.
Воените претставници, исто така, го обвинија Јермак за отпуштањето на генералот Валери Залужни во февруари, сметајќи го за ривал.
Портпаролот на канцеларијата на Зеленски го демантираше ова, велејќи дека Залужни не бил отпуштен, туку бил унапреден во амбасадор во Велика Британија, „што значи дека ужива високо ниво на доверба“.
Портпаролот на претседателската канцеларија, која ја предводи Јермак, ги отфрли сите критики на шефот на кабинетот како „пропагандни напади“.
-Зеленски е тој што ги носи сите клучни одлуки – инсистираше портпаролот.
Јермак е поранешен филмски продуцент, кого Зеленски – актер кој стана политичар – го донесе во владата во 2019 година. кој и самиот е платен советник на украинската влада.
Меѓународната работна група за прашања за безбедноста и евроатлантските интеграции на Украина Јермак и Расмусен беа првите кои предложија укинување на сите ограничувања за употребата на западното оружје доставено до Киев, што брзо беше поттикнато од поранешниот британски премиер Борис Џонсон. Темата потоа се прошири и во главните градови на НАТО, а Белата куќа се согласи со тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.