Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, денеска изјави дека Русија нема да води никакви преговори со Киев се додека не ги „избрка украинските терористи од Курскиот регион“.

Не сме воделе никакви преговори со терористите, не водиме и нема да водиме се додека не ги протераме од нашата територија. Желбата да се изврши нуклеарен терор против нуклеарната централа Курск не е ништо друго туку највисоко ниво на тероризам, рече Шојгу во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.

Според него, „украинските терористи“ сакале да ја заземат нуклеарната централа Курск.

За среќа, не успеаја, истакна Шојгу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.