Чешкиот автомобилски гигант Шкода е принуден да го намали производството на автомобили поради критичниот недостиг на компоненти кои доаѓаат од добавувачите во Украина.
Од оваа недела, Шкода беше принудена да го намали производството на патнички автомобили поради критичниот недостиг на компоненти кои доаѓаат од неколку добавувачи со седиште во Украина – се вели во соопштението.
Намалувањето на производството особено ќе влијае на кросовер моделот „Ениак 4“.
Се надеваме на брз крај на непријателствата и враќање на патот за изнаоѓање решение за ситуацијата преку дипломатија – соопшти компанијата.
Шкода очекува влошување на економските резултати поради новите антируски санкции. Рускиот пазар стана еден од главните приоритети на компанијата за 2021 година. Чешкиот производител, минатата година испорача 90.400 автомобили во Русија.
Шкода е дел од меѓународниот автомобислки концерн Фолксваген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.