Во Паризе забележано првото јавно појавување на првиот човек на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров по неговото апсење и подоцнежно пуштање во ограничен домашен притвор.

Дуров е фотографиран како шета по Шанзелизе во друштво на блогерката, Јулија Вавилова, со која леташе до Париз.

 

Откако беше поднесено обвинението против него, судот му забрани на Дуров да ја напушти Франција.

Во меѓувреме, тој резервира стан во 8-миот арондисман на Париз за 55.000 евра месечно.
Според одлуката на судот, тој ќе биде таму од 00:00 до 08:00 часот и лично ќе се јавува во локалната жандармерија кај службеникот за криминалистичка полиција, два пати неделно.

На Дуров му е забрането да дава интервјуа, особено со Такер Карлсон и Илон Маск, а забранети му е да дава коментари на новинари. Ограничена му е и комуникацијата по телефон и сите други средства за комуникација исто така.

Истовремено, медиумите пишуваат дека братот на Павел, Николај Дуров, е подготвен да разговара со истражителите и обвинителот од Париз, преку „Скајп“ или „Јандекс“. Локацијата на Николај Дуров не е позната, но адвокатите бараат разговорот да се одржи  преку видеоконференција. Николај категорично одбил лично да се појави пред француските  истражни органи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.