Најмалку шест лица се повредени денеска во напад со нож во израелскиот град Хадера. Двајца од повредените се во тешка состојба, објавија странските агенции, повикувајќи се на израелските власти.

„Терористот е неутрализиран“, се наведува во соопштението на полицијата.

Други детали не се соопштуваат.

Здравствените власти јавија за шестмина повредени, од кои двајца се во тешка состојба.

Како што наведуваат агенциите, израелските власти се внимателни на безбедносните ризици по нападот на палестинското движење Хамас пред една година што ја предизвика војната во Газа, а конфликтот со Хезболах во Либан продолжува да ескалира.


(МИА)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.