Шест лица, меѓу кои три деца, загинале, а 11 се ранети во израелски напад врз либанско село во областа на градот Баалбек, соопшти либанското Министерство за здравство.
Според либанските медиуми, сите загинати се членови на исто семејство.
Во напад на израелските непријатели врз Храјбех, загинаа шест лица, од кои три деца, од кои едно тригодишно, а 11 лица, од кои пет деца, се повредени, се вели во соопштението на Министерството за здравство, кое прецизира дека две од жртвите се во „критична состојба“.
Во меѓувреме, либанските медиуми соопштија дека бил извршен „многу моќен“ израелски напад и врз населбата Харет Хреик во јужните предградија на Бејрут, која била цел на серија бомбашки напади во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.