Претседателот на Обединетите Арапски Емирати (OAE), шеикот Мохамед бин Зајед Ал-Нахјан утре ќе замине за Москва, каде предвидено е да има средба со рускиот колега Владимир Путин, јавија дел од светските медиуми.

Тој ќе разговара со Путин за „пријателските односи меѓу ОАЕ и Русија со низа регионални и меѓународни прашања и работи од заеднички интерес“.

Веста за неговото патување следува по неколку дена откако ОПЕК+ се согласи остро да го намали производството на нафта и покрај притисокот од страна на САД.

Одлуката на ОПЕК+ дополнително ги затегна односите меѓу Вашингтон и неговите сојузници од Заливот во Саудиска Арабија и OAE.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вложуваше напори да го спречи намалувањето на производството, поради изборите што следуваат, а на кои неговата Демократска партија може да ја загуби контролата врз Конгресот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.