Во Луксембург утре ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за Западен Балкан.

Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, на состанокот ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово.

Со состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.