Шефот на јужниот украински регион Керсон, кој е назначен од Москва, побара од Русија денеска да помогне во евакуацијата на цивилите од областа, што се толкува како знак дека напредува украинската контраофанзива.

Им предложивме на сите луѓе од регионот Керсон, доколку сакаат, да заминат во други региони за да се заштитат од ракетни удари, објави на Телеграм шефот на администрацијата поддржана од Русија, Владимир Салдо.

„Во обраќањето до раководството на Русија, ве замолувам да помогнете во организирањето на оваа работа“.

„Ние, луѓето од регионот Керсон, знаеме дека Русија не ги напушта своите“.

Салдо рече дека регионот е под зголемен број ракетни напади што носат „сериозна штета“, тврдејќи дека е таргетирана цивилна инфраструктура.

Тој рече дека оние што ќе заминат ќе одат на Крим, полуостров што Москва го анектираше од Украина во 2014 година, и јужни руски региони.

Повикот дојде еден ден откако Киев соопшти дека повторно зазеле пет населени места во регионот Керсон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.