Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, денеска им рече на резервистите во воената база Бершева во јужен Израел дека фокусот на армијата е да ги елиминира лидерите на Хамас.

Во која било област каде што знаеме дека има членови на Хамас, лидери на Хамас, дури и ако има ограничувања, ние удираме со прецизност и со голема сила, рече Халеви.

Медиумите на хебрејски јазик денеска пренесоа палестински извештаи дека израелски авиони ја нападнале куќата на таткото на воениот командант на Хамас Мухамед Деиф и ги убиле неговиот брат, внук и снаа.

Либанската новинска мрежа Ал Мајадин поврзана со екстремистичкиот проирански Хезболах јави дека била погодена куќа во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа додека роднините на командантот биле внатре и дека тие биле затрупани под урнатините.

Војната меѓу Израел и Хамас, во која од саботата наутро загинаа повеќе од 2.200 луѓе од двете страни, се очекува да ескалира.

Израелската војска соопшти дека 1.200 луѓе, вклучувајќи 155 војници, се убиени, а речиси 3.000 се ранети во Израел откако во саботата почна ракетниот напад врз јужен и централен Израел од Појасот Газа и вооружените лица на Хамас ја преминаа границата.

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека загинале 1.050 луѓе, а повеќе од 5.100 се ранети.

Палестинските екстремисти во Газа заробија и киднапираа околу 150 војници и цивили, вклучувајќи жени и деца, стари лица и странци



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.