Шефот на француската воена разузнавачка служба, генерал Ерик Видо, е сменет, а можеби избркан од службата, затоа што не предвидел дека Русија ќе ја нападне Украина, пренесува „Франс прес“.

Во извештајот се цитира воен извор кој го потврдува неговото заминување од функцијата шеф на Воената разузнавачка служба (ДРМ). Интернет весникот „l’Opinion“ цитира извор од Министерството за одбрана кој наведува „недоволни брифинзи“ и „несовладување на темите“.

Наводното разрешување или отпуштање следува само седум месеци откако поранешниот командант на специјалните сили беше назначен на оваа многу важна функција во француската армија.

Сите овие информации се уште не се официјално потврдени, а извештајот се темели само на неименуван воен извор за агенцијата „АФП“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.