Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли пристигна во Израел, соопшти владата во Лондон.

Секретарот за надворешни работи пристигна денеска во Израел за да ја покаже непоколебливата солидарност на Велика Британија со израелскиот народ по терористичките напади на Хамас, рече портпарол на британската влада.

Клеверли ќе се сретне со преживеаните од нападите и со високи израелски лидери за да ја покаже поддршката на Обединетото Кралство за правото на Израел да се брани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.