Висока функционерка на руското Министерство за одбрана е пронајдена мртва откако паднала низ прозорец од стан во Санкт Петербург, пренесоа руските медиуми.
Како што јави Радио Слободна Европа, Марина Јанкина (58) била шефица за финансии и набавки во секторот на Министерството за одбрана задолжен за Западниот воен округ.
Телото било пронајдено вчера под прозорецот од станот во кој живеела.
Полицијата соопшти дека нејзините документи и други лични работи биле пронајдени на заедничкиот балкон на 16-тиот кат од облакодерот. Руските истражители тврдат дека се работи за самоубиство.
Веста за нејзината смрт дојде само неколку дена откако генералот Владимир Макаров, кој неодамна беше разрешен од рускиот претседател Владимир Путин, беше пронајден мртов надвор од Москва.
Руските власти тврдат дека и неговиот случај е случај на самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.