Севселенскиот патријарх Вартоломеј ги повика сите Христијани заедно да го слават Велигден.
Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар.
– Го молиме Господа прославата на Велигден следната година на 20 април на двата календара да не биде само случајност, туку почеток на единствен датум за неговото одбележување и од источната и од западната христијанска црква, рече Вартоломеј, пренесе „Католичка култура“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.