Ехо рајтс“ – мала филмска агенција со седиште во Стокхолм е преплавена со понуди за откупување телевизиска серија во којашто професор по историја станува украински претседател. Професорот го глуми Володимир Зеленски – сега вистински претседател на Украина.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, радиодифузерите како што се британскиот Канал 4, грчкиот АНТ1 и романската ТВ ПРО, ги побараа правата за прикажување на „Слуга на народот“ – серија првпат прикажана 2015 година во Украина.
– Мислам дека постигнавме околу 15 договори минатата недела и во преговори сме со 20 други земји, рече сосопственикот на агенцијата, Никола Содерлунд. – Последниот пат разговаравме со (заинтересирани од) Латинска Америка, и разговараме со САД, Нетфликс, и други земји. Само во Италија четири медиумски куќи се борат за правата, а во Грција серијата веќе се прикажува во ударниот термин, додава тој.
Агентот смета дека тоа е и чин на солидарност со Украина, а во истовреме се работи и за љубопитност – луѓето сакаат да видите кој е Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.