Повеќе медиумија објави ја информација на РИА новости дека во главниот град на Киргистан, Бишкек, слетале два приватни авиона со кои било евакуирано семејството на првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев.

Еден од авионите наводно долетал од Македонија, а другиот од Обединетите Арапски Емирати, а потоа и двете летала се упатиле кон Киргиста , но нема официјална потврда на информацијата.

Немаме такви информации“, велат од аеродромот на прашањето дали во авионот имало членови на семејството на Назарбаев. Исто така, воздушното пристаниште не можеше да потврди дека авионите припаѓаат на семејството на поранешниот претседател на Казахстан.

Во првите денови од новата година почнаа протестните акции во Казахстан. Жителите на градовите Жанаозен и Актау, кои се наоѓаат во регионот Мангистау каде што се произведува нафта, протестираа против двојното зголемување на цената на течниот нафтен гас што се користи како гориво за автомобилите. Од републичкото Министерство за енергетика објаснија дека од 1 јануари неговата вредност почнала да се формира при електронското тргување на берзата врз основа на понудата и побарувачката.

На 4 јануари властите објавија дека се подготвени да го исполнат главното барање на демонстрантите – намалување на цената на бензинот. И покрај тоа, протестите започнаа и во другите градови. Тогаш Токаев ја распушти владата. Тој најави и дека доаѓа на чело на Советот за безбедност, кој претходно го предводеше првиот претседател на републиката Нурсултан Назарбаев. Владата воведе државно регулирање на цените на бензините и дизел горивата за 180 дена. Во целата земја беше воведена вонредна состојба.

 

Претседателот ги предупреди демонстрантите дека властите ќе преземат најстроги мерки против насилниците, бидејќи како резултат на немирите загинаа и припадници на безбедносните сили. Покрај тоа, демонстрантите направија неколку обиди да упаднат во административните згради и полициските одделенија, при што беа убиени десетици луѓе. Споменикот на Назарбаев во меѓувреме беше урнат во Талдикорган.

Ова е втор сличен случај во изминативе неколку месеци во кој е вмешана Македонија, но претходно беа вмешани македонски дипломати.

Во септември лани македонскиот дипломат Миле Миленкоски беше приведен во Србија, по основ на меѓународна потерница од Ерменија, под сомнение дека заедно со уште двајца вработени во македонското МНР, учествувал во акција за спасување на Бранислав Димитриевиќ, кој користел туѓ македонски пасош и е осомничен во милионскиот скандал со неизградени патишта во Ерменија за што меѓу првообвинетите и е корумпираниот Левон Саркисјан, ерменски олигарх



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.