Роднина и кумот на Хамиш Хардинг, бизнисменот и авантуристот кој загина во имплозијата на подморницата Титан, повика на „целосна истрага“ за да се утврди што довело до трагедијата.
Зборувајќи за Би-Би-Си, Луси Коснет се запрашала какви безбедносни мерки имало пред да се спушти кон потонатиот брод Титаник.
„Ова треба целосно да се истражи за да се види што тргна наопаку, зошто се случи, зошто тие не преживеаја“, рече Коснет.
„Тој (Хардинг) требаше да го прослави својот роденден утре, ќе наполнеше 59 години. Ќе му праќав пораки или ќе се обидам да му се јавам да му честитам роденден“, додаде таа.
Зборувајќи за последните неколку дена, Коснет рече:
„Кога прочитав дека слушнале удирање, се надевав дека можеби тие звуци доаѓаат од подморницата. Но вчера беше најлошиот ден кога слушнав дека не успеале, дека сите умреа“.
Хардинг беше британски бизнисмен, пилот, истражувач, авантурист и вселенски турист. Тој беше основач на Action Group и претседател на Action Aviation, меѓународна брокерска компанија за авиони со седиште во Дубаи. Како авантурист, тој беше член на Клубот на истражувачи, го посети Јужниот пол неколку пати, се спушти во Маријанскиот Ров и отпатува во вселената.
Хардинг беше познат по своите експедиции и достигнувања. Помеѓу 9 и 11 јули 2019 година, тој беше директор на мисијата и пилот на екипажот на мисијата One More Orbit, која го постави светскиот брзински рекорд за најбрзо обиколување на Земјата со авион низ двата географски пола. Исто така, во 2017 година, тој работеше со ВИП туристичката компанија на Антарктикот, Белата пустина, за да ја воведе првата планирана услуга за бизнис џет на Антарктикот со помош на Gulfstream G550, кој го слета на ледената патека Wolfs Fang.
Хамиш Хардинг бил познат и по неговата работа во конзервација. Во септември 2022 година, неговата авиокомпанија, Action Aviation, испорача прилагоден Боинг 747-400 за транспорт на осум диви гепарди од Намибија во Индија за да започне проект за репатријација на гепарди во Индија. Гепардите изумреа во Индија по независноста во 1947 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.