Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е осуден на условна казна од осум месеци поради давање на лажни изјави во парламентарната истрага за наводна корупција во неговата прва влада.

Пресудата на судот во Виена доаѓа по четиримесечно судење. Курц е првиот поранешен канцелар на кого му се судеше во Австрија во последните три децении. Тој сведочеше во рамки на истрагата за владата на чие чело беше од 2017 година до 2019 година.

Во јуни во 2020 година, Курц беше обвинет за давање на лажни изјави за својата улога при основање на холдинг компанија која извршуваше одредени јавни работи, како и за именување на поранешниот близок соработник Томас Шмид во нејзиното раководство.

Курц стана австриски канцелар во 2017 година, на возраст од 31 година. По отворање на истрагата за корупција во 2021 година, тој поднесе оставка на функцијата канцелар, но и лидер на Народната партија и излезе од политиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.