Главниот прифатен центар за украинските бегалци во Варшава утре ќе биде затворен.

Како што изјави шефот на централниот регион Мазовија, таквата одлука е донесена затоа што се намалил бројот на луѓе на кои им е потребна таква помош.

Од почетокот на руската воена акција во Украина на 24 февруари, четири милиони луѓе ја напуштиле земјата, додека вкупниот број на раселени е повеќе од десет милиони, соопшти агенцијата за бегалци на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.