Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа.

Многу од пониските станици се затвораат – поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми.

Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над нормалата, што доведе до недостаток на снег во планините.

Splügen-Tambo, беше едно од првите одморалишта што беше затворено во понеделникот, според соопштението:

За жал, поради недостаток на снег, обилни врнежи и високи температури, мораме да го затвориме нашиот ски-центар до понатамошно известување. Веќе не можеме да ги подготвуваме патеките бидејќи имаме премногу вода… а снегот не замрзнува на ноќ, се вели во него.

Сè уште не можете да избегате од фактот дека насекаде на Алпите длабочината на снегот е под стандардот во оваа фаза од сезоната, вели еден од директорите на компанијата за скијачки одмори наречена Snov-Vise.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.