Најмалку 38 лица се повредени во голем пожар во облакодер во Менхетен.

Пожарот избувнал на дваесеттиот кат од облакодерот, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на официјални лица.

Повредени се 38 лица, од кои двајца се во критична, а пет во тешка здравствена состојба, додека останатите се здобиле со полесни повреди, велат пожарникарите.

Официјални лица велат дека пожарот бил предизвикан од литиум-јонска батерија во електричен велосипед.

Тие веруваат дека еден станар поправал велосипеди, најверојатно како дел од неовластена деловна активност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.