Германската полиција привела осум климатски активисти кои упаднале на аеродромот во Минхен. Аеродромот по два часа повторно почнал со работа, но можни се доцнења на некои летови.

Шест климатски активисти се залепија на две места на пистата на аеродромот во Минхен. На еден од транспарентите пишуваше „Проблемот е владата, а не нашиот празник“.

Протестот беше организиран од климатската група „Лас џенерејшн“ (Last Generation), која и претходно имаше вакви акции.

Поради протестот на климатските активисти од аеродромот во Минхен беа откажани 60 летови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.