Неколку непријатни моменти се случија на заедничката пресконференција на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот бразилски колега. Гафовите на Бајден го разлутија Луис Инасио Лула да Силва.

На почетокот на средбата Бајден доаѓајќи на сцената се заби во бразилското знаме кое благо се заниша. Потоа, на крајот од средбата, Бајден се изгуби на сцената и излезе заборавајќи да се ракува со Лула. Тој ја стегна раката само на Гилберт Хонгбо, генералниот директор на Меѓународната организација на трудот, пишува Њузвик.

И самата пресконференција беше напната. Првин Лула го слушаше со чудење говорот за „економска визија“ на Бајден. Потоа, кога Лула почна да зборува, Бајден ги провери слушалките бидејќи не го слушаше преводот од бразилски на англиски.

– Можете ли да ме слушнете, претседателе Бајден? Ова е историски момент за Бразил и за САД – рече Лула на почетокот на своето излагање.

– Претседателе Бајден, ме слушате ли? – повторно праша нервозно Лула.

– Дали ме слушате? Во ред добро – додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.