Украинското претседателство соопшти дека украинските сили и руската армија водат интензивни борби во речиси целиот регион Херсон, на југот на Украина.
Тешки борби се водат на речиси целата територија на регионот. И вчера и во текот на ноќта во Херсонската област одекнуваа силни експлозии – соопшти претседателството на утринскиот брифинг.
Во соопштението се додава дека украинските војници „почнале со офанзивни акции во различни правци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.