Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје.
Вршителот на должност премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека пожарот се гасне и од воздух со хеликоптер. Тој исто така наведе дека се трага по извршителите на нападот.
Поради пожарот и експлозиите евакуирани се повеќе од 3.000 луѓе.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа.
„Скај њуз“ (Sky News) објави дека нападот е извршен од украинските специјални сили кои дејствуваат во Крим, кој е под руска окупација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.