Пожарникарите сè уште се борат со шумскиот пожар на швајцарските Алпи, кој од синоќа гори во областа От Вала, во близина на границата со Италија, јави Би-би-си.

Речиси 200 луѓе и неколку хеликоптери учествуваат во гаснење на пожарот, а огнот брзо се проширил во текот на ноќта на една планина во областа Битш.

Локалната полиција сподели фотографии од пожарот што во раните утрински часови го зафати блиското село, но се чини дека огнот оттогаш стивнал.

Сепак, од шумите сè уште може да се видат големи облаци од чад, а властите предупредија дека може да бидат потребни денови или дури недели за пожарот целосно да се изгасне.

Многу локални жители беа евакуирани, додека на оние кои сè уште се дома им е препорачано да ги држат прозорците затворени за да се спречат загадениот воздух да влезе во просториите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.