Додека нападите од двете страни не губат на интензитет, расте бројот на жртвите од двете страни во судирот помеѓу Израел и Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека израелската воена кампања е само почеток на постојана војна, а Хамас ја отфрла можноста за преговори и размена на затвореници.

Израел денеска бомбардираше цели на Хамас во Појасот Газа, а премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека израелската воена кампања е само почеток на постојана војна. Додека во Тел Авив се огласија сирените за воздушен напад од територијата на Појасот Газа.

Нетанјаху вети дека ќе го „промени Блискиот Исток“, додека стравувањата од регионален конфликт растат поради судирите на либанската граница и очекувањата за израелска инвазија врз Појасот Газа, сиромашна територија со 2,3 милиони луѓе.

Хамас вчера ја отфрли можноста за преговори за размена на затвореници со Израел бидејќи „воената операција сè уште е во тек“. Подоцна се заканија дека ќе убиваат заложници секој пат кога Израел ќе изврши напад врз цивилна цел без предупредување.

Во судирите досега загинаа над 900 Израелци, а повеќе од 2.000 се повредени, додека при израелските напади загинаа 687 Палестинци, а повредени се над 2.900.

Најмалку 35 Палестинци, меѓу кои и 10 деца, како и петмина Израелци загинаа во новите судири меѓу Израел и Палестинците, соопштија здравствените власти, пренесува Би Би Си.

На 7 октомври, еден ден по 50-годишнината на арапско-израелската војна во 1973 година, стотици милитанти на Хамас го нападнаа Израел. Исламистите со седиште во Газа истрелаа илјадници ракети кон Израел и употребија експлозиви и булдожери за да ја пробијат оградата околу блокираната палестинска енклава.

Користејќи мотоцикли, пикап камиони, параглајдери и брзи чамци, милитантите влегоа во Израел, гаѓајќи ги градовите меѓу кои Ашкелон, Офаким и Сдерот.

Хамас соопшти дека истрелал 5.000 ракети во офанзивата што ја нарече „Операција поплава Ал Акса“.

Вооружените напаѓачи извршија масакр и на музички фестивал на кој присуствуваа стотици млади Израелци и странци во близина на Кибуц Реим, во близина на Газа. На фестивалот „Супернова“ загинаа 270 луѓе.

Израел соопшти дека Хамас зел повеќе од 150 заложници. Тие вклучуваат најмалку 11 Тајланѓани, двајца Мексиканци и непознат број Американци и Германци.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека градоначалниците и лидерите на заедниците во јужен Израел треба да се подготват за секакво сценарио, вклучително и долготраен с

На 8 октомври Израел му објави војна на Хамас, а министерот за одбрана Јоав Галант вчера нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа односно го прекина снабдувањето со електрична енергија, со вода, со храна и со гас.

За израелската кампања наречена Железни мечеви Израел почна мобилизација и повика 300.000 резервисти.

Нетанјаху вети дека ќе ги претвори во „урнатини“ засолништата на Хамас во Појасот Газа. Армијата соопшти дека „повеќе или помалку ја вратила контролата над границата“ со Појасот Газа, еден ден откако нареди евакуација на сите жители.

По нападот од Појасот Газа врз Израел немири избувнаа и на окупираниот Западен Брег, каде вкупно загинаа 15 Палестинци.

Хамас ги повика „борците на отпорот на Западниот Брег“, како и во „арапските и исламските народи“ да се приклучат на битката.

Имаше и дводневни судири меѓу израелските сили и Хезболах во пограничната област меѓу Либан и Израел.

Либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, на 8 октомври лансира проектили и отвори артилериски гранати кон северен Израел „во знак на солидарност“ со офанзивата на Хамас.

Хамас ги повика „борците на отпорот на Западниот Брег“, како и во „арапските и исламските народи“ да се приклучат на битката.

Израелската армија соопшти дека возвратила со артилериски оган и елиминирала голем број вооружени осомничени кои ја преминале границата од Либан и дека нејзините хеликоптери извршиле напади во областа.

Израел синоќа изврши уште еден напад врз Појасот Газа, концентрирани на бегалскиот камп Џабалија.

Според последните информации, военото крило на Хамас, односно бригадата „Ал Касам“, објави дека го предупредиле Израел да го насочи нивниот воен брод, кој се наоѓа покрај брегот.

Новинарскиот синдикат во Појасот Газа соопшти дека тројца палестински новинари се убиени во израелски воздушен напад.

САД ветија „цврста и непоколеблива“ поддршка за Израел, а претседателот Џо Бајден во неделата нареди „дополнителна поддршка“ за нивниот клучен сојузник.

Американската морнарица премести борбена група носач на авиони во источниот Медитеран за да го зајакне одвраќањето против новите актери кои се приклучуваат на конфликтот.

Во заедничката изјава објавена од Белата куќа во понеделникот, САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија го осудија нападот и ја истакнаа нивната целосна поддршка за Израел.

Иран постојано ги негира наводите дека имал улога во нападот на Хамас, откако „Волстрит џурнал“ објави дека помогнал во планирањето и дал „зелено светло“ на палестинската група.

Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи рече дека поддржувачите на Израел „не се во право“ кога го обвинуваат Иран дека стои зад нападот на Хамас.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш „најостро“ го осуди нападот на Хамас врз Израел и повика на „дипломатски напори за да се избегне поширок пожар“.

Тој рече дека е „длабоко вознемирен“ од најавата за опсада и предупреди дека и онака лошата хуманитарна ситуација во Газа „само експоненцијално ќе се влоши“.

Русија вчера соопшти дека создавањето на палестинска држава е „најсигурното“ решение за мир во Израел и дека само борбата против тероризмот нема да обезбеди безбедност.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој силно ја поддржува палестинската кауза, ги повика двете страни „да го поддржат мирот“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.