Два хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето за време на вежба, при што загина најмалку едно од осумте лица во нив, јавија агенциите, цитирајќи јапонски медиуми.

Хеликоптерите SH-60 синоќа изведоа вежби за борба против подморница во близина на јужниот брег на централна Јапонија, наведуваат јапонските медиуми.

Потрагата по исчезнатите членови на екипажот на авионот продолжува.

Јапонскиот министер за одбрана Кихара Минору на прес-конференција рече дека двата хеликоптери најверојатно се судриле.

Американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел, на социјалната мрежа Икс објави дека Јапонија може да смета на САД во спроведувањето на операцијата за потрага по исчезнатите лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.