Најмалку 12 лица загинаа денеска при уривање на четирикатна зграда во камерунскиот град Дуала, изјави регионалниот гувернер.

Зградата која се наоѓа во источниот дел на градот се урна околу полноќ.

„12 лица загинаа, а повредените се во болница, каде што добија помош“, изјави за новинарите гувернерот на регионот Литорал.

Тој додаде дека ситуацијата во моментов е под контрола, а спасувачките екипи проверуваат дали некој останал под урнатините. Иако причината за уривањето не е позната, локалните жители велат дека зградата изгледала трошна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.