Украински авион се урнал за време на „технички лет“ во јужниот дел од Украина и има жртви, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.
Како што соопшти воената управа во регионот на Запорожје, авионот АН-26, кој претставува воен транспортен авион, бил управуван од украинските вооружени сили, а се урнал денеска наутро во областа Вилнија кај Запорожје.
Околностите за несреќата се проверуваат и повеќе информации се очекуваат подоцна во текот на денот, рекоа украинските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.