Русија денеска соопшти дека воен транспортен авион ИЛ-76 со 65 украински воени заробеници се урна во западниот регион Белгород, на границата со Украина, јави Би-Би-Си.
„Во авионот имало 65 заробени војници на украинската армија кои требало да бидат транспортирани заради размена во регионот Белгород, шест членови на екипажот и тројца придружници“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека е информиран за „инцидентот“, но не даде дополнителни детали.
BREAKING: Video of plane crash in Russia shows missile trace in the sky, suggesting it was shot down pic.twitter.com/k75m9l9pmw
— BNO News (@BNONews) January 24, 2024
Видеото споделено на социјалните мрежи покажува како авион понира во близина на селото Јаблоново проследен со експлозија, околу 11:00 часот по локално време (08:00 часот по Гринич).
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ знае за несреќата, но одби да навлезе во детали, истакнува Би-Би-Си
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.