Седум лица загинаа, а неколку други се повредени откако структурата на централната џамија полна со верници попушти во градот Зарија, државата Кадуна во северна Нигерија.
Портпаролот на градскиот совет во Зарија, Абдулахи Кварбаи, изјави дека несреќата се случила во време кога стотици верници биле во џамијата за попладневната молитва, пренесува Ројтерс.
„Прво беа пронајдени четири тела, а потоа уште три кога спасувачкиот тим заврши со увидот на урнатините на џамијата“, рече Кварбаи.
Уривањата на зградите се вообичаени во најнаселената африканска земја, каде што често се прекршуваат прописите, а градежните материјали и изработката се супстандардни, наведува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.