Седум лица загинаа откако мал авион се урна во земјоделска област во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија властите.

Тие патувале од Кампинас до Сао Паоло кога едномоторниот авион се распаднал во воздух околу 10:30 часот по локално време во градот Итапева, изјавиле за AFP пожарникарите на Минас Жераис.

Седум лица кои се наоѓале во авионот се пронајдени мртви“, додаваат од противпожарната служба.

На видео објавено на Твитер се гледа како авионот паѓа на рид и се урива.

Утрото во областа каде што се случи трагедијата врнеше силен дожд.

Експерти од Државната цивилна полиција сè уште работат на местото на настанот за да се обидат да ја утврдат причината за несреќата, заедно со службениците од Центарот за истрага и превенција на воздухопловни несреќи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.