Турција ги предупреди своите граѓани за можни дискриминаторски напади во Европа и САД по серијата исламофобични инциденти и откако Шведска, Норвешка и Данска издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција.
Граѓаните кои живеат или патуваат во Европа или САД треба да бидат внимателни и да избегнуваат области со големи демонстрации. Неодамнешните исламофобични и расистички дејствија против Турција, извршени од групи поврзани со терористички организации, покажаа опасно ниво на верска нетрпеливост и омраза во Европа“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Тензиите меѓу Турција и некои европски земји, вклучително и Шведска, која сака да стане членка на НАТО алијансата, неодамна се зголемија поради протестите кои Анкара ги смета за исламофобични или антитурски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.