Маж од индиската покраина Одиша, по име Бибу Пракаш Свејн (64), со лажно име Рамеш Свејн, е уапсен затоа што се оженил со 14 жени и ги измамил за да стекне парична корист.

Полицијата го уапсила Свејн по повеќе обвиненија, вклучувајќи и фалсификување документи и измама според индискиот Закон за брак, којшто јасно укажува на кривичното дело бигамија. Бракот со две или повеќе жени е нелегален и казнив како кривично дело.

Профилите на овие жени велат дека се високообразовани и имаат клучни позиции во различни организации од приватниот и владиниот сектор – се вели во полициските извештаи.

Споделувајќи повеќе податоци за Свејн, властите соопштија дека „обвинетиот таргетирал жени на интернет-страниците за брак, се венчал со нив и потоа бегал со нивните пари“.

Повеќето од жените жртви барале емоционална сигурност бидејќи или биле „во поодмината возраст“ за брак или биле разведени. Тој се претставувал како адвокат или лекар – додава полицијата.

Обвинетиот првпат се оженил во 1982 година.

Измамникот бил откриен од неговата 14-та сопруга. Таа била учителка која живеела со него и дознала за другите бракови. Се оженил со неа во Делхи во 2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.