Полицијата во Велика Британија уапсила 63-годишен човек под сомнение дека во Лондон украл старо сирење чедар во вредност од 300.000 фунти (356.000 евра), пишува американската ТВ Ен-Би-Си.
Локалните власти соопштија дека повеќе од 24 тони сирење неодамна биле украдени од една од најпознатите британски млечни компании.
Осомничениот е приведен поради сомнение за измама со „лажно претставување и ракување со украдена стока“.
Тој беше одведен во полициска станица во јужен Лондон, каде што е испрашуван, а подоцна пуштен со кауција во очекување на истрага, изјави портпаролот на британската полиција.
Чедарот е земен од млекарницата „Нилс Јард Дејри“ на 21 октомври, објави компанијата на Инстаграм.
Измамникот, кој се претставил како дистрибутер на француска компанија, зел 950 ролни занаетчиски подготвен и одлежан чедар завиткан во ткаенина, соопшти компанијата чиј магацин за сирење останал празен.
Компанијата повика „ако некој некому понуди или достави сирење за кое веруваат дека е поврзано со оваа кражба, особено чедар во ткаенина во ролни од 10 или 24 килограми без ознаки на производителот“, да ја известат со цел „да ја поддржат полицијата во истрагата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.