Во Будимпешта, Русија, Турција и Катар, наводно, би можеле деновиве да склучат нов договор за извоз на жито, според германски Билд, повикувајќи се на интензивната летна преписка (од 21 јули до 8 август) меѓу руското и турското министерство за надворешни работи на тема „ пченица“.

Руските власти не дадоа официјални изјави за тоа, иако Билд наведува дека во Будимпешта веќе пристигнал шефот на руската покраина Татарстан Рустам Миниханов, а се очекува дури и доаѓањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според „Билд“, договорот треба да вклучува „извоз на руско жито и вештачко ѓубриво“ првенствено во Африка, а турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан сака да се обнови Црноморскиот договор за пченица, од кој Русија самоиницијативно се повлече во јули, а нов договор вклучува непречен извоз на украинска пченица. Како што пишува Билд, Турција би била организатор на испораката на пченицата, а Катар – спонзор.

Турција сака ОН да бидат вклучени во новиот договор. Сепак, турскиот весник, повикувајќи се на извори во турското Министерство за одбрана, наведува дека Турција „не работи на алтернативи на договорот за жито“. Но, во исто време, Анкара потврдува дека ќе дозволи безбедно поминување низ Босфорот и Дарданелите за комерцијалните бродови и оние што превезуваат жито.

Според Билд, Москва однапред ја предупредила Анкара за повлекување од договорот за жито, а сега Русија, Турција и Катар работат на нов трилатерален договор, кој треба да го замени оној што не им одговара на Русите и се користи за политичка уцена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.